Обвинувањата на Хрстијан Мицкоски се конструкција на настан што не постои, вели за Телма, Вице Заев, по обвинувањата од Мицкоски за дека изнудувал пари од битолска компанија која добила теднер од РЕК Битола.
Тоа што Мицкоски го зборува е својствено за времето кога тој беше директор на ЕЛЕМ. Со сопствениците на фирмата што ја споменува ниту сум разговарал, ниту имало некаква средба. Доколку има некави заканувачки пораки, нека ги објават. Мицкоски е опседат со мене, но не знам од кои причини, вели за Телма Вице Заев и додава дека истражните органи треба да го расветлат случајот.