Економија Најважни

Битиќи: Богатите се збогатија уште повеќе за време на кризата и треба да плаќаат повисоки даноци

Богатите се збогатиле уште повеќе за време на кризата и треба да плаќаат повисоки даноци – смета вицепремиерот Битиќи.

Пандорината кутија вчера ја отворија академиците од МАНУ- предложија повисоки даноци и намалување на владините трошења за да се избегне ризикот од финансиска нестабилност.

Битиќи е за враќање на прогресивниот данок, но не прецизира дали порано од 2023 година за кога е одложена неговата примена.

Вели персоналецот за некои дејности дури треба да се намали. Но, остава даночната реформа да се дефинира откако ќе завршат консулатциите со експерите, кои ќе траат најмалку шест месеци.

“На пример ако даночната реформа значи воведување на прогресивно оданочување, јас велам зошто да не. Зошто покажавме дека во кризата некои богати станаа уште побогати и сметам дека заради идеолошкото верување дека треба да имаме прогресивно оданочување. Богатите треба да платат и да вратат на сиромашните. Ако значи воведување на нов данок за сиромашните, велам не, затоа што на нив им должиме” – вели вицепремиерот Битиќи.

Битиќи не ја исклучува можноста од воведување на кризен данок како во 2001-та година.

Тогаш во државната каса завршуваа по 0,5 проценти од секоја финансиска трансакција. Вели ќе ги разгледаме сите предлози и ќе донесеме одлука.

“Ништо што не се случило во минатото. Ние имавме еден таков данок во 2001 година воведен, го плаќаа сите се укина после одредено време. Ние сакаме да живееме и видовме во 2020 година како е подобро да се живее и почист возух. Ние продолжуваме да инвестираме поприлично во енергетика, сакаме да живееме со скандинавски стандарди, можеби воведување на данок за животна средина може да биде еден сегмент кој што ќе помогне на сите нас” – смета Битиќи.

Но, иако од МАНУ и препорачаа на Владата да ги скрати и непродуктивните трошења како тие за купување мебел, автомобили, за Битиќи набавката на 45 владини возила преку оперативен лизинг било најекономично решение.

За тоа што владата секои три години за изнајмување плаќа по 40.000 евра по возило, сума која е приближна на продажната во авто салон, за возила кои по три години треба да ги врати, рече дека анализите покажале дека така е двојно поефтино отколку да купиш ново возило, да го амортизираш и потоа да не знаеш што да правиш со железото кое ќе остане.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

Дејан Дејан

Мицкоски: Размислуваме да воведеме данок за немажени и неженети

Дејан Дејан

Коцевски: Обвинение за полициските службеници во случајот „Пулс“ до септември

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе