Економија

Инвестицискиот циклус на „Макпетрол“ АД продолжува

Повеќе од седум децении „Макпетрол“ АД се стреми кон постојан напредок и воведување новитети во своето работење, знаејќи дека својот успех го должи на довербата и лојалноста на клиентите и на пошироката заедница во која секојдневно дејствува.

Стопанисувајќи при тоа, како дел од енергетскиот свет кој постојано се менува, работиме на многу полиња и постојано ја унапредуваме нашата инфраструктура и услуга. При тоа, „Макпетрол“ АД е пионер во примената на новите технологии, секогаш посветен на квалитетот на своите производи и услуги.

Постапувајќи практично и одговорно, во време на светска пандемија, „Макпетрол“ АД одлучи да не го запира осовременувањето на своите капацитети и уште еднаш потврди дека потребите на своите верни клиенти се на врвот на приоритетите на компанијата.

Со инвестиција во висина од скоро 18 милиони денари целосно е реконструирана бензинската станица во Кичево. Оваа бензинска станица доби нов и модерен изглед исполнувајќи ги највисоките пропишани технички и безбедносни нормативи.

На реновираната бензинска станица достапни се квалитетните горивата од ULTRA фамилијата, а исто така потрошувачите ќе можат да се снабдат со потребните производи во продажниот објект на бензинската станица, каде што на располагање им стои широк избор на производи од дополнителниот асортиман.

„Макпетрол“ АД продолжува понатаму со инвестицискиот циклус следејќи ги при тоа најновите достигнувања и иновации во делокругот од своето работење, секогаш целосно посветен на зачувување и унапредување на квалитетот на своите производи и услуги.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Божиновска: Транспарентноста е број 1, јавноста мора да се информира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе