Економија

Фити: Да се зголемат даноците, владата да ги скрати непродуктивните трошења

Владините функционери да престанат да ги трошат буџетски пари за автомобили, згради мебел, репрезентација. Да се зголеми данокот на имот, да има блага прогресија кај персоналецот и да се размислува за воведување на еколошки даноци. Ова се дел од  препораки на академиците од МАНУ до Владата за земјава побрзо да застане на нозе од ковид-кризата и да се избегне ризикот од финансиска нестабилност. Апелираат да се внимава на јавниот долг кој надмина 60 проценти од БДП и на буџетскиот дефицит.

Вие можете финансиска консолидација да направите со кратење на владината потрошувачка, особено на онаа непродуктивна владина потрошувачка, згради, мебел, автомобили, репрезентација итн, или со евентуално зголемување на даноците. Јас сум за, треба да има прогресивно оданочување, но кај персоналниот данок на доход, јас сум против прогресивно оданочување кај фирмите. Веќе има определено зголемување кај даноците на имот и евентуално треба да се размисли во иднина дали ќе имаме еколошки даноци, вели академик Таки Фити.

Министерот за финансии пак смета дека не може преку ноќ да се намалат непродуктивните трошења. Тоа ќе се прави среднорочно со помош од ММФ и Светска банка.

Ние имаме некои расходи кои што со децении, структурата на буџетот е наследена и не може преку една година да се смени тоа. Меѓутоа со сренорочната рамка во 2021 буџетот со петгодишна рамка веќе се гледа промена на структурата, смета Бесими.

Препораките доаѓаат во време кога владата најави набавка на 45 возила за министрите преку оперативен лизинг на три години. Експертите реагираа дека е неразумно трошење да се изнајмуваат возила кои за три години треба да се вратат, а за кои за рати ќе се платат по 40-тина илјади евра, сума која е речиси иста со продажната во авто салон. Но, првиот човекна финансии не гледа ништо спорно во оперативниот лизинг. Вели немало да се трошат пари за сервисирање на возилата.

Ние уште во буџетот 2021 најавивме дека наместо да се трошат средства за купување на возила да има вакви модели што се прифатливи во развиените земји, значи лизингот е еден од начините со кој оптимално се решава ова прашање, вели Бесими.

Академик Фити смета дека нема голем ризик од порастот на инфлацијата. Вели Народната банка има механизми да ја држи под контрола. Препорачува намалува на сивата економија и даночнаѕта евазија. А главен ризик пак за земјава гледа во евентуално влегување во нова рецесија.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Божиновска: Транспарентноста е број 1, јавноста мора да се информира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе