Култура

Сметководствен хаос во Управата за заштита на културно наследство?!

Лошо сметководство, повеќегодишна градба на проекти, судски постапки што ќе повлечат казни, неодговорно однесување. Ова се само дел од состојбите кои ги откриле државните ревизори во Управата за заштита на културното наследство.

Најспорна е градбата на Античкиот театар Скупи, која се влече веќе шест години. Реализирани се само 7,56  проценти од договорот од 523 милиони денари, затоа што Управата не обезбедила средства во буџетот. Изведувачот е воведен во работата без одобрение за градба, по што се стопира целата работа. Пред две години тој реагирал, но не добил никакви инструкции како да продолжи со проектот.

Овој договор не е единствениот што не е почитуван. Проблематично е и возобновувањето на Св. Климентовиот Универзитет на Плаошник. За девет години се потрошени 748 милиони денари, но објектите се уште не се во функција. Покрај двата основни  договори, во текот на годините се склучени и повеќе анекси.

Но, не се почитувани ниту договорите, ни законите при тендерите и градењето. Како резултат на ова, роковите за изградба на објектите се продолжени, а во меѓувреме градбата поскапела, за што се потрошени повеќе пари од буџетот. Ништо од ова не е внесено во деловните книги на Управата, а нема попис ниту на средствата и изворите на средствата, поради што не е усогласена сметководствената со фактичката состојба.

Ревизорите се сомневаат и во вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, кои не се усогласени со законите. Управата нема изготвено ниту Годишен извештај за работењето, ни Национална стратегија за заштита на културното наследство, која треба да содржи долгорочни основи.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе