Македонија

ЕУ, официјална Софија и нашите политичари на тапет на МАНУ

Прозивки кон политиката на ЕУ, официјална Софија, но и кон нашиот политички врв кој се обидува да го одблокира патот за почеток на евроинтегративните процеси, упатија денеска од МАНУ на промоцијата на Зборникот „ Прилози кон историјата на Македонија  и на македонската култура“.

Книгата не е упатена кон нашите источни соседи , туку кон оние анационални фигури меѓу нас, кои не убедуваат дека можат да се договорат или испазарат со тугинци околу нашиот идентитет , без притоа да се разменат со факти, рече на промоцијата на Зборникот „ Прилози кон историјата на Македонија и македонската култура“, академик Витомир Митевски.  Според него, книгата со прилози е израз на нашата колективна меморија.

Сите тие сведочат против небулозите на оние што сметаат дека светот и историјата започнуваат од нивното доаѓање на власт.Сведочат и против оние што си вообразуваат дека кај нас се започнало од 1945 година на минатиот век и против оние кои со доза на цинизам прогласуваат некаков роденден на македонскиот јазик , во истата таа 1945 година, вели академик Витомир Митевски.

Поконкретен во прозивките беше претседателот на МАНУ, цитирајќи ја мислата на Грамши „ Историјата учи, но нема ученици“.

Таа мисла во Македонија, за жал премногу често се однесува на дел од нашите политичари . Па така тие се сѐ, само не ученици на историјата . А, јас би додал уште помалку добри познавачи на историјата , за да можат со толкава леснотија да се однесуваат кон неа и кон македонската култура, вели академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ.

Македонија денес е исправена меѓу две зла: Да се откаже од она што била и да прифати да биде нешто фиктивно. Време е да се запрашаме дали оние кои ја поставуваат историјата како услов за нашата интеграција во ЕУ, користат дискурс на репресија, рече приредувачката на книгата, академик Катица Ќулафкова.

Време е да се запрашаме , дали оние кои ја поставуваат историјата како услов за европска интеграција и користат дискурс на репресија во однос на нашето потекло и име, не прават обратна проекција? Дали зад таквиот репресивен дискурс стои хегемонистичка аспирација ? Кому му пречи македонската историска приказна? Кому, македонскиот суверенитет? прашува академик Катица Ќулафкова.

Треба да излеземе од зоната на колективното слепило, правејќи мост меѓу минатото и иднината, потпирајќи се на историската наука и на визијата. Отпорот против порекнувањето на идентитетот е извор на нашата моќ. Ако сме суверена држава треба да се угледаме на другите суверени држави и да го бараме она што ни следува , според меѓународните конвенции, дополни академик Ќулафкова.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Арсовски: Генезата на проблемот лежи во првите два договори за добрососедство

Дејан Дејан

Ранѓеловиќ: Во Извештајот и шпански јазик да стои дека се зборува во Македонија тоа ништо нема да придонесе ниту да го закочи евроинтеграцискиот процес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе