Пратеникот Мирослав Богдановски во Собранието ќе дејствува како независен пратеник, откако вчера беше сменет од потпретседателската позиција во ДОМ.Тој е еден од пратениците кој во Собранието дојде во скафандер за гласање на петтиот пакет економски мерки.
И понатаму ќе го поддржува владејачкото мнозинство и владата, а нема намера ниту да ја напушти партијата, во која е веќе петнаесетина години. Ја обвинува актуелната претседателка дека се однесува диктаторски.
Вчера беше изгласана недоверба и за Ана Петровска, актуелна директорка на Државниот инспекторат за животна средина. Таа, пак, вели дека само се барало начин да бидат разрешени, затоа што подолго време имале несогласувања.
Морачанин вели дека недовербата е изгласана од Централниот одбор, а не од неа, затоа што подолго време правеле опструкции во партијата..
Во ДОМ има превирања подолго време, но ситуацијата ескалираше со барањето за вонреден конгрес.
Претседателката се согласила Централниот одбор да расправа за барањето, но синоќа, на самата седница, дневниот ред е сменет и првин се разрешени потпретседателите.
Далиборка Демјанска Цветановска