Пред четири и пол месеци стана член на Судскиот совет а од денеска е и прв човек на ова највисоко судско тело што бира разрешува и оценува судии. Павлина Црвенковска беше единствен кандидат. Со пофални зборови за менаџерските способности и за нејзиното искуство ја предложи колегата Сашко Ѓеоргиев и едногласно со 12 гласа за беше избрана за нов претседател на судскиот совет. Следеше аплауз честитки од членовите а новата предводничка на Советот уверуваше дека ќе биде прва меѓу еднаквите, ќе работи на зголемување на дигнитетот на правосудниот систем и згоемување на довербата на граѓаните. Им испртати порака и на судиите да рабаотат професионално чесно законски без страв притисоци и влијанија
-Ги охрабрувам судиите кои досега ја вршеа својата работа совесно и чесно и да знаат дека секогаш во мене имаат сојузник во одбрана на нивниот професионален интегритет.Судскиот совет е тука да ги унапредуваме, наградуваме, заштитуваме судиите кои се професионални и одговорни, но воедно е тука и да ги разрешува сите кои во својата работа ќе покажат дека непрофесионално и нестручно си ја извршуваат својата работа, изјави Црвенковска.
Во нејзината биографија е запишано дека од 2006 до сега работела како судски советник во скопска апелација. Претходно од 2002 работела како раководител на одделение во министерството за одбрана а потоа и државен советник во Владата. Во нејзината кариера е запишано адвокатското искуство. Според Црвенковска тоа што работела на раководна и на советничка функција за време на владите на сдсм вели не ја прави блиска до политиката.
Грубо е да се инсинуира дека поради тоа што во одреден период од мојата кариера сум работела во органи од управата, јас сум тука каде што сум. Тука сум затоа што поседувам личен морален интегритет, големо професионално искуство посебно во правосудните органи, од основен до апелациски суд, сум била и адвокат, тврдеше Црвенковска во изјава за медиумите.
Мандатот на претседателот на Судски совет трае две години. Со последните законски измени претседател на ова тело не може да биде член избран од редот на судиите, туку само од 5 те члена кои ги бира Собранието. Токму денеска, иницијативата за оценување на оваа законска измена се најде на дневен ред и пред Уставниот суд.
Од Уставен информираат дека повеле постапка во делот од законската одредба што ограничува дека претседател на советот може да биде некој од челновите на Советот кои се избрани од Собрнаието, но конечната одлука Уставен ќе ја донесе на некоја наредна седница.
Црвенковска потсети дека оваа одредба е воведена врз основа на мислење од Венецијанската комисија. Таа вели дека неофицијално во Судски знаеле дека има таква иницијатива пред Уставен но денеска требало да се избере нов претседател бидејќи му завршува мандатот на нејзиниот претходник Здравев, и тоа го сториле врз основа на важечкиот закон.
Нејзиниот претходник Киро Здравев кој беше избран од редот на судиите денеска не присуствуваше на седницата. Тој бил отсустен поради изолација. Дел од членовите пак гласаа он лајн за да може да се почитуваат ковид протоколите.
Елена Ивановска Мукоска