Македонија

Без критериуми ФЗО испраќал пациенти на лекување во странство во 2019 година, потрошени 6.7 милиони евра

Нема дефинирани критериуми за праќање на лекување во странство. Ова го утврдил државниот ревизор што ја преиспитувал работата на Фондот за здравствено осигурување во 2019-та година. Според заводот за ревизија само во таа година биле потрошени 6.700.000 евра но во најголем дел од постапките бил надминат законскиот рок за одлучување дали некој пациент ќе биде испратен да се лекува во странство.

Но освен ова не се направени анализи како се потрошени тие пари и дали е реализирано лекувањето а пари се исплатени, нема изработено листа на успешни болници, нема критериум како се бираат болниците, а пациентите се испраќаат без да има консултација со нив во неспецијализирани установи за дел од потребите на болните.

Ревизорите го чешлале и работењето на Фондот до септември 2020 за да утврдат финансиската состојба на јавните здравствени установи во време на корона кризата. Долговите на болниците до септември изнесуваат 3,8 милиони денари и се зголемиле за 11 проценти во споредба со претходната година. 27 здравствени установи пак се неодржливи па поради тоа Владата обезбедува пари за нивно функционирање.

Во анализираниот период директори на Фондот биле Орхан Рамадани и Ден Дончев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во понеделник второ електронско пријавување за упис во средно

Дејан Дејан

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе