Вести Македонија Најважни

Полициски час од 21 часот, за Велигден и Рамазан не важи

И владата прифати само за време на верските празници да нема полициски час. Одлуката ја донесе денеска и тоа за деновите 1 мај сабота наспроти недела кога православните христијани го прославуваат Велигден и 12 наспроти 13 мај кога муслиманите го слават Рамазан Бајрам.

Во останатите денови пак почнувајќи од утре полицискиот се поместува за еден час и ќе почнува од 21 часот. Исто и кафаните ќе може да отворат ама само на летните тераси и ќе работат до 20 и 30 часот навечер. Рестриктивните мерки олабавуваат откако бројките на новозаболени и на хоспитализирани од коронавирус се намалија вели министерот за здравство Венко Филипче.

Премиерот Зоран Заев и министрите Венко Филипче и Артан Груби вчера седнаа наспроти првите луѓе на верските заедници Поглаварот на МПЦ гг Стефан и ИВЗ Реис ул Улема Хаџи Шеќир ефенди Фетаи. Ги убедуваа дека е многу битно за празниците да се почитуваат мерките и протоклите и дека треба да се претпазливи. Тоа значи дека за празниците мора да се одржува дистанца, мора да се носи маска и да нема групурања. Според владата во верските објекти не би требало да има луѓе кои би исполниле повеќе од 30 проценти од капацитетот на храмовите.

Но никој не кажува кој ќе ги контролира верниците и што доколку не се почитуваат овие мерки. Инаку токму лани после верските празници се случи најголемиот бран на новозаразени со корона вирус. И лани и комисијата и владата претходно се пофалија дека состојбата е под контрола и успешно се справуваат со пандемијата.

Во мегувреме останува забраната за организирање свадби, родендени и крштевки, а нема да работат и фитнес клубови и спортски сали и центри наменети за тренирање во затворен простор. На отворено пак може да се вежба но по протокол.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиени тројца Палестинци во напад на израелските доселеници врз село на Западниот Брег

Дејан Дејан

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе