Македонија

ГРЕКО: Македонија делумно или целосно не имплементирала 19 препораки

Препораката не е имплементирана или пак е делумно имплементирана. Ова е најчестиот заклучок во најновиот извештај на ГРЕКО која оценува колку земјава ги спровела препораките за спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт. Од 23 препораки објавени во 2019 Македонија спровела само четири на задоволитлено ниво

Греко го поздравува носењето на Етичкиот кодекс за високите функционери од извршната власт но сериозна загриженост и критика има поради тоа што вицепремиерот за борба со корупција треба да го спроведува Кодексот.

“Како негативна забелешка, давањето на имплементацијата на Кодексот на однесување во рацете на заменик-премиер кој има надлежност да истражува и санкционира прекршувања и истовремено треба да обезбеди и доверливо советување и собирање докази за прекршувања на Кодексот, не е прифатливо и не е компатибилно со практиката на ГРЕКО” – се вели во извештајот на Греко.

ГРЕКО забележува дека и покрај тоа што во буџетот на Антикорупциската комисија се внесени значителни финансиски ресурси, сепак ДКСК сѐ уште не е целосно функционална и не може правилно да ги извршува своите законски должности.

Посебна загриженост се истакнува и за значителниот број на случаи наведени од  комисијата за судир на интереси и случаи на откривање на средства кои се однеснуваат на функционери од извршната власт.

Иако има пофалба за транспарентноста со информации за буџет јавни набавки и други активности во МВР, сепак голем број од нецелосно исполнетите задачи од ГРЕКО се однесуваат на МВР,  пред се затоа што преземените чекори од надлежните се уште се во рана фаза.

Меѓу неимпелнтираните препораки се вбројува и онаа, со која од ГРЕКО предложиле  да се зајакнат мерките за  имплементација на Законот за заштита на укажувачи во рамките на полицијата и соодветни информации да се направат достапни за јавноста.

“Повеќе од четири години по стапувањето на сила на овој закон, информациите за бројот на внатрешни откривања во БЈБ сѐ уште не се достапни и понатаму постои впечаток дека законот сѐ уште не се спроведува. ГРЕКО заклучува дека е потребно поодлучно дејствување за да се постигне дури и делумно усогласување со оваа препорака” – оценува Греко.

Оперативната независност на полицијата треба да биде усогласена со стандардите на Советот на Европа за демократско полициско работење и нејзината деполитизација да биде обезбедена во закон и во пракса, пишува во извештајот на Греко.

Според податоците во овој  извештајот обвинителството за организиран криминал конкретно одделението за гонење на лица со полициски областувања во 2019 и 2020 покренало обвиненија за 29 мина припадници на мвр и затворската полиција поради злоупотреби на областувањата тортуа насилство или незконско приведување.

Надворешниот надзор на полициските сили кој се врши од Народниот правобранител и обвинителството изгледа соодветен заклучуваат од Греко.

Групата на земји за борба против корпуција, смета дека е потребно Македонија во наредните година и половина  да ги усогласи и останатите 19 препораки кои не се импламенирани или се само делумно.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во понеделник второ електронско пријавување за упис во средно

Дејан Дејан

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе