Ковид19 Македонија Најважни

Отворање на летните тераси на угостителските објекти и полициски час од 21 часот, викендов и на 12 и 13 мај ќе нема полициски час

Да се отворат летните тераси на сите угостителски објекти, полицискиот час да се скрати и да почне од 21 часот, а за време на претстојниот празник Велигден, сабота кон недела (1 кон 2 мај) и 12 кон 13 мај кога се слави Рамазан Бајрам да нема полициски час, односно да може граѓаните слободно да се движат, а во тие денови работењето на угостителските објекти да биде исто како што ќе биде и дотогаш до 20, односно 20:30 часот.

– Ова се одлуките за нови рестриктивни мерки кои денеска ги донесе Кризниот штаб, кои треба да важат во следниот период, односно утре на седница на Влада треба да се добие согласност и да се прифатат, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Сето ова, посочи министерот, е резултат на се ова што се случува, на навремено донесените мерки и димензионирањето на целокупниот систем на координација на приеми во болниците.

– Имајќи го и ова сега предвид се ослободуваат и некои одделенија кои беа дополнително ангажирани да сместат пациенти со Ковид-19. Генерално чувствуваме олабавување во смисла на намален притисок. Ги следиме трендовите и во околните држави, овој втор бран насекаде, во сите околни земји спласнува. Се надевам дека тоа, заедно со забрзаната вакцинација која ќе следи по Велигден, кога пред се ќе бидат дистрибуирани кинеските вакцини согласно бројот на пријавени во регионите, ќе ја смени сликата, додаде Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Жељазков- Кошта: Бугарија нема да поставува нови услови за Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе