Работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на тапет пред пратениците.Интерпелацијата ја поднесе пратеничката група на Алијанса на Албаниците-Алтернатива.
Во образложението наведуваат дека Спасовски повеќе нема да може да биде министер по бегството на Никола Груевски во Будимпешта и мора да сноси одговорност.
Пратениците имаат можност да докажат дали се за апсење на Мијалков или го поддржуваат неговото бегство, велат од албанската опозиција.На седницата ќе се отвори и прашањето за случајот ,,Монструм,, како и за борбата против корупцијата и криминалот.