Македонија Најважни

За Велигден и за Рамазан Бајрам нема да има полициски час

Полицискиот час се намалува за еден час и од среда ќе стартува во 21 часот, а угостителските објекти ќе можат да ги отворат летните тераси. Комисијата за заразни болести одлучи, а министерот за здравство утре ќе и предложи на владата да ги олабави рестриктивните мерки откако бројките на новозаболени и на хоспитализирани од коронавирус се намалиле. Со новите мерки предвидено е и укинување на полицискиот час за двата претстојни верски празници, но тоа нема да влијае врз работно време на угостителите.

„За време на претстојните празници, тоа е Велигден- сабота спрема недела и 12 спрема 13 мај, кога се слави Рамазан Бајрам, да нема полициски час, односно да може граѓаните слободно да се движат, а во тие денови работењето на угостителските објекти да биде исто како што ќе биде и дотогаш, односно до 20.00, односно до 20.30 часот“, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Иако е очекувано одлуката за укинување на полицискиот час за Велигден освен да ги наполни наполни преку ден туристичките места, а вечерта црквите, Филипче не смета дека тоа би било закана за влошување на епидемиолошката слика доколку се почитуваат мерките.

„Во однос на групирањето, и сега преку ден може да се групираат луѓето, не смао во верски објекти, еве вчера гледаме во парковите. Зедоа обврска верските лидери на состанокот минатата недела, се што може да се организира надвор. Самите се свесни дека е ова ситуација во која што е битно да сме сите внимателни. Сметам дека таков начин на организација, комбинирана со одговорноста на граѓаните ќе не доведе во ситуациија да нема прекршувања на мерките“, смета Филипче.

Повик за почитување на мерките за време на празниците упати и заменик-министерот Илир Хасани.

„Следните верски празници треба да бидат во духот на почитување на овие мерки затоа што ослободувањата не се направени за да се собираме, туку ослободувањата се направени за да ние почуствуваме дека сме слободни во овие свети верски празници кои ни претстојат во следните денови“, изјави Хасани.

Олабавувањето на мерките вели Филипче е резултат на преземените рестриктивни мерки во изминативе три недели, но не смета дека тие биле задоцнети. Според него  тие биле воведени за здивнат болниците, а кога веќе бројките биле во надолен тренд како резултат на претходните мерки. Тој притоа информира дека деновиве од болниците има повеќе исписи на оздравени пациенти отколку на нови приеми со што некои клиники ќе се вратат во нормално функционирање. Прва таква ќе биде клиниката за Урологија која во редовна работа ќе се врати неделава, а веднаш по неа и клиниката за пластична хирургија од идната недела. Клиниката за трауматологија, вели Филипче, засега останува ковид-центар.

Во меѓувреме во салата Борис Трајковски денеска започна ревакцинацијата на оние кои ја примија вакцината Спутник В, а количните на вакцини во земјава денеска ќе се надополнат и со нови 10.000 вакцини на „Фајзер“. До крајот на месецов се очекуваат и вакцините од ЕУ преку Австрија, а 30 април или 1 мај е датумот кога кончено во земјава ќе стигнат и 200.000 вакцини на „Синофарм“. Штом стигнат кинеските вакцини националниот план за вакцинација ќе биде надополнет и со вакцинација на сите оние кои се пријавиле на електронската апликација за вакцинација. Пријавување за вакцинација преку матичните лекари останува опција само за лицата над 70 години.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Жељазков- Кошта: Бугарија нема да поставува нови услови за Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе