Вести Македонија Најважни

Ослободување на осудените за 27 април и предвремени избори, барања од денешниот протест во Скопје

Укинување на пресудите, пуштање на слобода и повторен судски процес. Ова се барањата кои денеска беа соопштени на протестот под мотото „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите“, организиран од дијаспората а поддржан од опозициската ВМРО – ДПМНЕ.

Протестот почна пред Владата а заврши пред Собранието каде пред граѓаните и партиските членови и симпатизери беше прочината декларација со барањата за слобода на лицата осудени за насилствата кои се случија пред четири години.

Според организаторите, осудените биле испровоцирани од кршењето на Уставот и законите, судскиот процес е политички монтиран, со лажни сведоци и изјави а пораки со осуда беа упатени и до пратеникот Крсто Мукоски кој ги отвори собраниските врати а потоа беше амнестиран. Прочитани беа имињата и висините на казните на сите осудени освен на еден – Александар Василевски Нинџа.

Меѓу присутните на протестот беа и семејствата на осудените. За нив нема двојба дека процесот мора да се повтори и дека казните се драконски.

Очекувано од протестот беа упатени и политички барања. Владата и Собранието да поднесат оставка поради велепредавство, поништување за како што ги оценија штетните договори со Бугарија и со Грција, и предвремени праламентарни избори заедно со локалните на есен.

Протестот заврши со најава дека нема отстапување и затоа во паркот спроти Собранието ќе се постават шатори. Граѓаните кои се одлучија на овој чекор не ја исклучуваат можноста да штрајкуваат со глад. Иако останаа во паркот „Жена Борец“ барем денеска тие не добија дозвола од полицијата да ги постават шаторите.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиени тројца Палестинци во напад на израелските доселеници врз село на Западниот Брег

Дејан Дејан

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе