Македонија

Имаше ли влијание и критериуми при изборот на обвинители- обвинителски и експертски реакции

Јавноста можеше да види како се избираат обвинитлеи но не и по кој критерим. Ова е една од главните забелешки на стручната јавност но и на самите обвинители по вчерашната прва отворена седница на советот на јавни обивнители . Најголем дел од 46 мината кандидатите за двете обвинителства беа петкаши. Конкурирале со поени блиску до максимумот но сепак се гласаше за или пртови без дополнително објаснување па остана нејасно зошто токму тие беа избрани.  На ова реагираа и дел од обвинителите.

-Разочарувачки е што немаше дискусија за никој од нас. Ние не сме се пријавиле за џабе. Заслуживме барем да слушнеме какво мислење имаат за нас. Не знам дали ќе се пријавам во скоро време повторно затоа што ваквиот избор беше обесхрабрувачки, изјави за Телма обвинителката за организиран криминал Ивана Трајчева позната по предметите за Меѓународен Сојуз и Организатори на 27-ми април и истрагата за софтверот на Рашковски која конкурираше за вишотот обвинителство.

-Независно дали кандидатот е  избран, убаво е да се слушне низ дискусија , дали  се вреднува или не тоа што  досега го сработел и  по тежина и обем на работа.  Затоа што не е исто, пораката што се испраќа може и да демотивира, но и да биде значаен поттик и мотив повеќе во работењето во иднина кај секого, ни изјави обвнителот  Дарко Јакимовски, кој ги води предметите за убиството на Ангел Петковски,  Ласкарци  и нападот на Села на 27 април.

-Останувам на тоа што го изјавив вчера и уште еднаш би сакала да ја потенцирам неопходноста од поголема транспарентност при изборот на јавните обвинители, поткрепена со образложение на одлуките на секој од членовите на советот поединечно, ни изјави обвинителката Ленче Ристоска од предметите Таргет и Талир која конкурираше за Вишото обвинителство.

Поранешната судијка во судот за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска смета дека по примерот на судскиот совет и членовите на обвинителскиот совет треба да даваат образложение зошто некого избрале или не избрале. Во однос на самиот избор Николовска вели

Дел од избраните во овој момент можеа да придонесат многу повеќе ако останеa или беа избрани во обвинителството за организиран криминал прво затоа што имаат искуство во тој дел а второ проблематиката е таква што јавноста многу очекува и мислам треба да има искусни обвинители во овој сегмент, што не значи дека треба да одат во повисоки инстанци, смета Николовска

Во однос на Ленче Ристоска,  јас се чудам. Таа по квалитет е многу добра. Изгледа во Македонија продолжува праксата тој што е добар за меѓународните организации да не е добар за националните институции, во случајов за обвинител , изјави поранешната судијка во ЕСЧП.

Дополнително сенка на изборот фрли и тоа што имињата на обвинитлеите кои беа избрани, јавноста ги дозна уште пред членовите официјално да седнат и да ги изгласаат. Сепак претседатлеот претседатлеот на советот Колевски и по гласањето остана на ставот дека немало влијание како да гласаат. Но ова не ја убеди јавност.

Николовска иако се надева дека ситуацијата со мешање на политиката се сменила од порано сепак вели не може ниту целосно да исклучи влијанија.

Петмина од вчера избраните меѓу кои и тројцата поранешни соработници на Катица Јанева, Пеливанов Ајро и Стефанова ќе работат и понатаму на жешки случаи од организран криминал и корупција. Останатите петмина меѓу кои Фетаи, Рустеми и Пановски одат во помирна средина во споредба со судниците во Кривичен. Како обвинители во вишото обвинителство ќе застапуваат предмети по жалба пред Апелација.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата и синдикатите со спротивставени ставови околу потрошувачка кошничка

Дејан Дејан

Обвинение за таткото кој ја тепаше својата 4-годишната ќерка – се бара и продолжување на притворот

Дејан Дејан

Воведни зборови на одбраната во случајот „Адитив“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе