Советот на јавни обвинители по повеке од 7 месеци од оглас избра 5 нови обвинители за обвинителствот за оргнаизиран криминал. Тројца од нив и се познати на јавноста како обвинители од СЈО. Лиле Стефанова, Трајче Пеливанов и Артан Ајро. Во обвинителството предводено од Вилма Русковска одат и обвинителката Катерина Коларич од скопското основно обивнителство и обивнителката од Струмица Наташа Поп Трајкова. Четворица беа избрани едногласно до 11 гласа од членовите на советот а еден обивнител со 10 гласа за. Стефанова е повратник во обвинителстовто за организиран криминал каде работеше пред да замине во СЈО
Пријавени беа 14 мина обвинители и повекето имаа високи оцени. Одп ознатите имиња кои не го добија потребно мнозинство од 6 гласа за во организиран Криминал се обвинителите од СЈО Љубен Лапе, Елизавета Јосифовска Фатиме Фетаи од СЈО и екс шефот на организиран криминал Златко Биковски.
Но веќе на следната точка Фетаи доби поддршка од Советот за трансфер во вишото Скопје. За 5 обвинителски места имаше голема конкуренција од 40тина пријавени. Поддршка да одат во повисокото обвинителство добија и нејзиниот колега од СЈО Бурим Рустеми, обвинителот Наум Пановски од обвинителстовто за организиран криминал, шефот на скопското основно обвинителство Сашо Рајчев и обвинителката Снежана Бундалевска која го овдеше предметот за сообраќајката кај Млечен. Членовите на советот јавно се изјаснуваат за секој кандидат поединечно дали се за или против. Ова е и прва седница на Советот на јавни обивнители која е отворена за јавноста.