Вести Култура

Јанковска-Михајловска: Архитектите се оние кои треба да им посочат на инвеститорите за стандардите

Сонот на инвеститорите многу пати е кошмар за недвижното културно наследство  во Охридскиот Регион. Стопирањето на изградбата на хотелот на местото на ресторанот „Парк“ го вклучи алармот за брзата реакција на Министерството за култура кое иницираше соработка со Асоцијацијата на архитекти да формираат стручен тим кој ќе дејствува на терен. Зошто во одредени ситуации затајуваат надлежните институции и стручната анализа на проектите?

Кај нас инвеститорите се секогаш малку посилни од архитектите. Секогаш таму каде што се парите е поинтересно да се игра. Ние како архитекти, како еден тим, здружение се трудиме да ги наметнеме стандардите кои треба ние како струка да инсистираме да бидат спроведени. Еден архитект освен што проектира за инвеститорот и нормално исполнува некакви барања на инвеститорот, ние сме должни доколку инвеститорот не ги знае некои правила кои нас не засегаат да го запознаеме, вели Искра Јанковска – Михајловска, претседателка на Собрание на ААМ

Меморандумот  кој вчера го потпишаа Министерството за култура и архитектите следуваше по реакцијата на Асоцијацијата на архитекти и активистите на Охрид СОС  кои побара ресторанот-дискотека „Парк“ на брегот на Охридското Езеро, наградувано дело на архитектот Павел Балабан да биде заштитен како споменик на културата.  Тие реагираа до сите надлежни министерства, музеи и институции за заштита на културното богатство, лично и до премиерот Зоран Заев.

Знаете отпочнување на градба не е само про форма ливче да донесете. Отпочнување на градба значи да донесете одлука за сообраќајно решение,  да го оградите објектот,  да истакнете табла на инвеститор. Сетоа тоа во тој момент не е завршено. Ние може да дадеме искуствен и процедурален совет тоа го побара Министерството од нас,  меѓутоа сепак останува на институциите да делуваат потоа.

Меморандумот меѓу Министерството и архитектите предвидува соработка во планирање проекти и активности поврзани со архитектурата во областа на заштитата на недвижното културно наследство, давање стручни мислења поврзани со архитектурата во проектите што Министерството ќе ги спроведува за заштитата на културното наследство.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе