Вести Економија

Неизвесна судбината на текстилната индустрија

Текстилството ќе отиде во амбис или ќе преживее до јуни, кое од овие две сценарија ќе се исполнат ќе зависи од политичките лидери  и пратениците. Бизнис заедницата аламирира дека остануваат уште седум дена за одлуката со која ќе се спасат илјадници работни места. Недонесувањето на петтиот пакет на мерки и немање на порачки од странските партнери се причина што од минатиот понеделник над 6.000 текстилни работници се на принуден колективен одмор. Телма веќе информираше дека над 3.500 работници се токму од Штип.

Бранот на отпуштања на работници е почнат во помалите фабрики, а дека лошо им се пипшува на текстилните работници и големите компании се согласуваат и експертите. Универзитетскиот професор, Дарко Лазаров вели дека нализите покажуваат едно затворено работно место во реалниот сектор повлекува две во услужните дејности. Затоа освен петтиот пакет на мерки, потребна е и субвенционирањето на платите да продолжи до јуни, кога се очекуваат нови нарачаки од странските партнери.

Фабричките автобуси изминатите шест дена во Штип не правеа сообраќаен метеж. Инспекторите велат дека мерките се почитуваат во превозот, на останатите работници, кои продолжија со работа. Во источниот регион изминатите денови бројките на новозаразени се двоцифрени, за само за четири дена во ковид центрите  починаа 15 граѓани.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе