Фудбалерите на Работнички го совладаа Пелистер со 3:1 и ја забележаа втората последователна победа. Со вкупно ти натпревари без пораз, Работнички изби на четвртата позиција на табелата и остана во трката за освојување на третото место.
Стрелци на головите за домаќинот беа Марио Станковски во 22-та, Фахрудин Ѓурѓевиќ во 36-тата о Стефан Јевтовски во 65-тата минута од натпреварот. Единствениот гол за Пелистер беше дело на Кочоски, а во 72-та голманот на Работнички, Ристе Јанков му одбрани удар од 11 метри на Танушев.
ФОТО: Игор Паневски