Македонија Најважни

Анкета: Економијата и образованието добиле средна оценка 2,3

Ова е третиот и последен дел од истражувањето на МЦМС посветен на актуелната состојбата предизвикана од Ковид-19 кое ги провери ставовите на граѓаните поврзани со здравјето но, и со поголем број други состојби кои ги предизвика болеста. Истражувањето: „Ковид-19: една година стравови, очекувања и желби за враќање во ‘нормала’“ во третиот дел ги обработува ставовите влијанието на кризата врз економијата и мерките на Владата за помош на компаниите, за квалитетот на образовниот процес, психолошките последици од пандемијата и начинот на кој граѓаните се информираат за неа.

Средната оценка за економските мерки на Владата е 2,3. Мнозинство од 66,5% ги оцениле мерките со 2 или 3 на скала од 1 до 5. Резултатите покажуваат дека најголем број граѓани се за некој вид полуотворена економија. Меѓу двата екстрема: „да се воведат рестрикции и затворање затоа што здравјето мора да се заштити“ и „економијата треба да остане отворена без никакви рестрикции“, мнозинство од 57,7%, на скала од 1 до 7 најчесто ги одбирале скалилата 3,4 и 5. Пандемијата не ги загрозила значајно работните места. Вкупно 7,1% останале без работа, додека 44,1% ги задржале своите позиции. Што се однесува до платите на работниците, кај околу две третини немало намалување. Првите пет најпогодени сектори од кризата се: сите сектори, угостителството, приватниот сектор, економијата и туризмот

Средната оценка која испитаниците му ја дале на образовниот процес за учебната 2020/2021 година е 2,3. Речиси една четвртина (23,3%) го оцениле образовниот процес со незадоволителен 1, а само 2,7% од нив сметаат дека е одличен. Мнозинството на испитаници (60,7%) сметаат дека Министерството нема план за новата учебна година за одвивање на наставата со физичко присуство.

Истражувањето покажа дека има влошување во односите во семејството во однос на претходната година. Иако мнозинство (58,6%) сметаат дека односите во нивното семејство останале исти, има намалување во однос на претходната година кога овој процент бил 71,0%. Околу една третина понекогаш или често чувствувале вознемиреност (37,3), страв (35,0%), лутина (34,1%), осаменост (32,7%) или тага (29,0). Овие чувства се поизразени сега, во споредба со претходната година. Исто така, поизразени се кај жените.  Мнозинство од граѓаните (62,0%) сметаат дека не се случиле промени во нивното ментално здравје.

Граѓаните следат новости за пандемијата еднаш или повеќе пати на ден (70,1). Иако висок, овој процент покажува пад за околу 10 процентни поени во следењето на новости во однос на претходната година. Речиси две третини од испитаниците (64,4%) сметаат дека информациите се конфликтни и не може да изградат јасна слика за вирусот.

За МЦМС, анкетата ја спроведе М-Проспект. Податоците беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 12 до 17 март 2021 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1003 испитаници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Експерти: Најавените милијарди може да ја придвижат економијата на државата ако паметно се искористат

Дејан Дејан

Шести марш на ангелите во Кочани за помош на смесјтвата на жртвите и повредените во пожарот во Пулс

Дејан Дејан

Струмичките екологисти децидни бараат одземање на концесиите и затворање на идејата за рудник кај Иловица и Штука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе