Вести Македонија Најважни

Државата нема решение за скапото лекување од Ковид 19 во приватните болници

Државата нема решение ниту за скапото лекување од Ковид 19 во приватните болници ниту пак за прескапите лекови кои болните ги земаат во домашни услови. Министерот Венко Филипче признава дека нема механизам да ги натера приватните болници да ги намалат цените и на тестирањата и на лабораториските испитувања но  и на болничките лекувања. За лековите кои се земаат дома се размислува само на интервенција во цената на еден лек кој е на позитивна листа.

Според пресметките едно лекување во домашни услови чини во просек околу 500 евра вклучително на лекови, тестирањат и лабораторија ако испитувањата се прават на приватно бидејќи термини во државното здравство се помалку има. Во приватните болница пак лекувањето чини околу 12 илјади евра, со задолжителна уплата од 5 илјади при прием на пациент.  И пазарниот инспекторат признава дека нема шанса да се интервенира во цените.

Во меѓувреме од недела во недела се застрашувачки статистиките.  За изминатите седум денови од 29 март до 4 април кои ги анализирал Институтот за јавно здравје никогаш од почетокот на Корона пандемијата немало ниту толку заразувања ниту пак толку починати. Рекордот на новодијагностицирани заразени со ковид 19 бил на 30 март кога за прв пат бројката достигна до 1511 случаи на дневна основа, а и целата недела е со рекорд од 7 933 нови позитивни што е најмногу до сега. 583 на 100 илјади жители во Кавадарци е исто така рекорд на нови случаи со Ковид 19. Најмногу од заразените биле над 60 години, но најголемо зголемување во однос на претходната недела има меѓу младите од 10 до 19 години.

Застрашувачки се и бројките на умрени. 260 за седум денови што е за речиси една третина повеке во спшоредба со претходната недела. 13 од нив биле помеѓу  40-49 години, 4 ца од 30-39 и еден починат од 20-29 години. 1 април бил и најтешкиот ден за 50 семејства чиј блиски ја изгубиле битката со вирусот. но во последниве два дена кои не влегуваат во оваа статистика починаа уште 82 заразени со ковид 19.

Инаку моментално се хоспитализирани 1.708 лица што  е за речиси 10 проценти повеќе во споредба со минатата недела, а од нив 1.228 се на кислородна поддршка и 50 на респиратор.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе