Астра Зенека го запре тестирањето на антиковид вакцината врз деца и тинејџери во очекување на повеќе информации од ЕМА за случаи пријавени на згрутчување на крвта по вакцинирањето. Тестирањето почнало во феврари и во него учествувале деца од шест до 17 години, кои до сега не пријавиле никакви нескани ефекти од вакцината. Сепак британско-шведската компанија вели дека ќе го почека денешниот извештај на Европската агенција за лекови. 44 исклучително ретки случаи на згрутчување во мозокот, познато како тромбоза на церебрален венски синус се пријавини кај лица под 60 години, од кои најмногу се жени, откако ја примиле вакцината.
Европското регулаторно тело претходно соопшти дека не можат да ја исклучат поврзаноста, сепак се одлучни дека бенефитот е многу поголем од потенцијалниот ризик. Но, она што дополнително ја вознемири јавноста е вчерашното интервју на првиот човек за вакцинација во ЕМА, Марко Кавалери, кој го кажа своето мислење – дека вакцината на Астра Зенека предизвикува згрутчување на крвта. Додава дека треба нова анализа за ризикот и бенефитите од вакцината кај помладите жени, кои според извештаите повеќе се подложни на тромбоза. ЕМА го демнатираше Кавалери и соопшти дека испитувањта се уште се во тек. Дел од европските земји го стопираа давањето на вакцината, а Франција, Холандија и Германија забранија да се користи на лица под 60 години. Со оглед на брзината со која се шири корона вирусот, поделени се мислењата меѓу луѓето.
- Јас би сакала да се вакцинирам со Астра Зенека. Најважно е да се вакцинираме против болеста. Сепак треба да се заштитиме.
- Не треба да се грижиме толку. Треба да се вакцинираме, второстепено е која вакцина ќе ја примиме. Најважно е да се вратиме во нормален живот.
- Ризикот за мене би бил преголем ако по некоја случајност добијам тромбоза, така што , да – мило мило ми е што примив друга вакцина.
Вакцината Астра Зенека ги полни насловните страници изминативе неколку месеци. Компанијата влезе во отворена војна со ЕК откако не успеа да ги достави договорените дози до блокот, што ја успори масовната имунизација на наслението. Вакцината, чија цена е најниска од другите конкуренти, е главна и за ковакс механизмот, и истата треба да ја добијат сиромашните земји, но тоа оди многу бавно, најмногу поради малиот капацитет на производство. Во очекување на ставот од ЕМА за можните компликации од оваа вакцина, фактите кажуваат дека Астра Зенека ја намалува хоспитализацијата и смртта од ковид и со една примена доза.
Алиса Шутиноска