Ковид19 Македонија Најважни

Битола најголемо жариште на коронавирусот во земјава

Битола во моментот е најголемото жариште на коронавирусот во земјава, каде според епидемиолошките показтели заразaта најмногу и најбрзо се шири. Двата блока на КОВИД центарот се веќе со исполнет капацитет, поради што во функција од денеска е и Модуларната болница која ги приме и првите пациети. Клиничката болница ќе работи  само за  ургентни случаи, затоа што некои одделенија се затвораат, а медицинскиот перосонал е пренасочен и ќе ротира во Регионалниот КОВИД центар.

-Многу е лесно да се обезбедат креветите, но некој треба да се грижи и да ги лекува тие пациенти, се соочуваме со силен недостиг на кадар. Почнуваме да затвораме некои од неургентните одделенија и одат во сменско работење за да можеме да покриеме со медисцински пероснал, вели Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница-Битола

Хоспитализираните се сo лоша клиничка слика, а најголемиот број од нив се од 25 до 50 годишна возраст. Вчера беа потрошени рекордни 1,6 тони кислородт, што е двојно и тројно повеќе од претходно.

-Сите пациенти се со многу тешка клиничка слика, сите се на кислородна поддршка и тешки воспалителни процеси на белите дробови, се обидуваме со сите сили да им пружиме помош на пациентите. Се работи за  пацинети од различни возрст,  а најмногу во овој КОВИД бран имаме млади пациенти, вели др. Ели Димитровска, инфектолог во Клиничка болница Битола

Здравствените власти потврдуваат дека Битола во моментот е најголемиот проблем, затоа што базичниот репродукционен број R0,  кој покажува колку лица може да зарази еден заболен,  е 1,5 и е највисок во земјава. Лекарите велат не можат веднаш да се очекуваат ефектите од новите рестриктивни мерки и апелираат младите, кои се и најголеми преносители,  во наредните две недели да се воздржат од собирање,  дружење и журки, за да се спречи оваа тешка сосотојба во Битола.

Eмилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе