Македонија Најважни

Анкета на МЦМС: Расте бројот на заинтересираните за вакцинирање

Актуелната состојбата предизвикана од Ковид-19 беше причина МЦМС повторно да ги провери ставовите на граѓаните поврзани со здравјето но, и со поголем број други состојби кои ги предизвика болеста. Истражувањето: „Ковид-19: една година стравови, очекувања и желби за враќање во ‘нормала’“ е составено од три дела, во вториот се обработени ставовите за носење заштитна маска, ограничувањата и забраните за организирање настани, ставовите на за работата на здравствените институции, работата на министерот за здравство и премиерот на државата како и ставовите за процесот на вакцинација и довербата во вакцините.

Резултатите од истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)  покажаа дека половина од испитаниците целосно и донекаде имаат доверба во новите вакцини (50,4%), а 49,1% донекаде и целосно немаат доверба Етничките Албанци имаат поголема доверба во вакцините (67,5%) во однос на етничките Македонци (44,5%). Повеќе од половината (56,4%) одговориле многу веројатно, односно веројатно е дека ќе се вакцинираат. Ова е зголемување во однос на анкетата спроведена во декември 2020 година кога 38,7% од граѓаните рекле дека е многу веројатно или веројатно дека ќе се вакцинираат. Етничките Албанци (73,1%) изразиле поголема веројатност за вакцинирање  од етнички Македонци (51,7%). Големо мнозинство од испитаниците (73,5%) сметаат дека Владата не реагирала соодветно и навремено при набавката на вакцините. Споредено со земјите во регионот, мнозинство од испитаниците (65,0%) сметаат дека нивото за вакцинирање во Македонија е под стандардот. Етничките Македонци се понезадоволни со степенот на вакцинација во државата, па 73,4% одговориле дека нивото на вакцинација е под стандардот во регионот, што е за  30 пп повеќе од етничките Албанци (43,4%).

 Што се однесува до мерките за заштита, речиси сите испитаници се согласуваат со потребата од носење на заштитна маска во продавници и затворени објекти (94,5%), додека пак мнозинство од нив (61,6%) сметаат дека носење на маска е потребно и на отворено. Вкупно 70,7% сметаат дека наставата во образованието треба да се спроведува онлајн. Граѓаните (82,7%) сметаат дека се потребни ограничувања во угостителските објекти.  Највозрасните испитаници (над 65 години) во најголема мера сметаат дека има потреба од вакви ограничувања (91,5%). Висока е и поддршката за забрана за свадби и настани во затворен простор (85,1%), но и забрана за свадби и настани на отворено (80,5%).  

 Работата на матичните доктори е оценета позитивно од 81,0% од граѓаните, работата на болниците и Ковид центрите од 68,5%. Иако мнозински, најнизок е процентот на оние кои позитивно ја оцениле работата на Комисијата за заразни болести (54,9%). Речиси поделена е оценката за работата на министерот Филипче односно 51,3% сметаат дека добро ја врши својата работа, 47,7% сметаат дека работи лошо. Кај премиерот Зоран Заев, побројни се оние кои рекле дека работи лошо (59,7%), а една третина сметаат дека работи добро (36,7%).

Последниот дел од истражувањето ќе биде објавени во текот на оваа недела. За МЦМС, анкетата ја спроведе М-Проспект. Податоците беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 12 до 17 март 2021 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе