Над 3.500 текстилни работници од денеска се на колективен одмор. Машините стивнаа во фабричките погони. Не донесувањето на петтиот пакет на мерки од страна на македонските пратеници и откажувањето на нарачките од партнерите причина за почетокот на црното сценарио во Штип. Работодавците велат дека колективниот одмор е преодна фаза. Главоболка и грижа имаат и од локдаунот во Европа, не знаат дали ќе имаат нови нарачки.
Политичките калкулации и блокирањето на петтиот паект на мерки со илјадници аманндамни веќе удира врз работниците од источниот регион, но и текстилните градови Штип, Прилеп и Кочани. Кристина Ампева од Гласен Текстилец вели дека сиромаштијата веќе им чука на врата на текстилните работници.
Сопствениците на текстилните конфекции потенцираат дека во моментов решенијата не значи спас на компаниите, туку на работните места. Големи штипски компании во моментов ја немаат исплатено платата на работниците, кои останаа и без здравствено осигурување во време на пандемија, чекајќи ја државната помош. Упрвата за јавни приходи минатата недела излезе со бројка дека 7.000 работници на државно ниво ја чекаат платата за февруари.
Викторија Јованова