Македонија

Со протест пред Министерството за здравство ВМРО ДПМНЕ побара оставка од Филипче

Со балони полни со вода кон Министерството за здравство и транспаренти „Дa  го измиеме срамот на Заев и Филипче“,  „Здравје а не провизии“  ВМРО  ДПМНЕ  ја побара оставката на министерот Филипче, нарекувајќи го министер за мото трки кој нема доблест да се извини  и да се повлече.

“Двоецот Заев Филипче вчера се надминаа себе во својата неизживеаност и негрижа за своите граѓани, па со хеликоптер слетаа во Прилип. Оваа нивна авантура чини околу 4000 евра, а сета нивна негрижа и неработа сите нас не чини преку 132 000 заразени и близу 4000 починати од Ковид 19. Само вчера 50 семејства имаа погреби на своите најблиски” – вели пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Стивнаа и аплаузите кои ги добиваше Филипче пред само една година, забележа Нелоски на денешниот протест.

“Како што му даваа аплауз на Венко Филипче неговите истомисленци јас сакам да ве повикам да дадеме сега тука аплауз за еден министер за здравство, но за жал не на нашата Македонија. Сакам да дадеме аплауз за министерот за здравство на Република Србија кој обезбеди над 50.000 вакцини за нашите граѓани ти благодарам министре” – порача Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Денешниот протест пред Министерството за здравство владејачката СДСМ го нарече  директно предизвикувње опасност и неодговорност за ширење на вирусот Ковид 19.

Министерот Филипче пак со апел до опозицијата да бидат конструктивни и доколку не можат да помогнат, да не одмагаат.

На почетокот на протестот присутните со едноминутно молчење им оддадоа почит на сите граѓани кои ја загубија битката со Ковид 19.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе