Ковид19 Македонија

Инфективното одделение при Велешката болница исполнето со пациенти, се полни и Модуларната болница

Во Општата болница во Велес има 95 хоспитализирани пациенти од кои 83 се потврдени позитивни, осум се сомнителни, а четири пациенти имаат негативен брис, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 49 пациенти, што е најмногу од почетокот на пендемијата со Ковид-19, истакна портпаролот на болницата, Елеонора Јованова.

На Инфективното одделение има 54 пациенти, колку што има и кревети, односно тоа е целосно исполнето, а се’ повеќе се полни и Модуларна болница со 47 кревети каде денеска има 35 пациенти. На Интерно Б крак има шест пациенти кои се сомнителни на Ковид-19 или се лекуваат со последици по прележана болест, појасни д-р Јованова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе