Ковид19 Македонија Најважни

„Спутник В“ за помладата, „Астра Зенека“ за повозрасната популација

11.681, ова е бројката на вакцинирани до денеска во земјава од кои со двете дози на „Фајзер“ се вакцинирани 7.755, со „Спутник В“ 3.263. Вакцината „Астра Зенека“ е аплицирана на 663 лица од највозрасната популација, но се уште не се знае кога ќе биде симната препораката со неа да не се вакцинираат помлади од 60 години. Здравствените власти велат дека ја следат состојбата и препораките кои ги даваат меѓународните здравствени организации, но и земјите кои досега ја суспендираа вакцината за помладата популација – Германија, Франција, Данска, Норвешка, Исланд и Канада.

„Ние бевме многу внимателни и се уште сме после укажувањето на германската агенција и канадската дека има такви случаи, со што го паузираа давањето на оваа вакцина на ’Астра Зенека’ на помлади возрасни групи. Чекаме официјален став од ЕМА, која што следната недела треба да има и официјален состанок. И ќе го почекаме тој став, бидејќи сигурноста на пациентите т. е. граѓаните ни е на прво место“, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Според многу е веројатно да се докаже дека вакцината „Астра Зенека“ не е ризична за помладата популација. Неговиот став го дели и од Националната техничка група за Ковид-19 , според која вакцината „Астра Зенека“ е можеби најбезбедната вакцина, но оти не може да се игнорираат одлуките на другите земји.

„Од светската здравствена организација веднаш добивме насока дека е комплетно безбедна и за оваа старосна возраст. Од бројките кои што на милионска основа се дадени, дури и во популација под 60 години, апсолутно се покажува безбедносниот профил. Но доколку имате вакви наоди, професионално да пристапите кон истражување и потврдување на тие наоди“, вели д-р. Александра Грозданова, од Национална техничка група за Ковид-19.

До Агенцијата за лекови во земјава, МАЛМЕД, каде се пријавуваат несакани ефекти од вакцините до денеска се пријавени десетина лесни последици од вакцината „Фајзер“ и неколку за „Спутник“, но и  случајот на тромбоидната реакција кај 28 годишната девојка по вакцинацијата со Астра зенека, кој го запали алармот за ова вакцина. Сепак лекарите уверуваат дека длабока веснак тромбоза се јавува во нормални услови кај 10 лица на еден милион лица, а студиите покажале дека кај вакцнираните со „Астра Зенека“ стапката е 4 до 6 случи на милион.

„Многу е веројатно дека ќе се докаже тоа дека апсолутно ризикот да се заболи од тешка форма на ковид е многу поголем отколку компликациите кои што се јавуваат од вакцината, што значи дека вакцината ќе се препорача и за помладите категории на граѓани. Но додека не го добиеме тој официјален став на ЕМА ние нема да брзаме“, вели Филипче.

Во меѓувреме се најавува стартот на вакцинацијата за полицајците, армијата, пожарникарите, новинарите, судските службеници, вработените во градинките, но со вакцините „Спутник В“, со која ќе продолжи и вакцинацијата на медицинските лица во болниците низ земјава за што веќе се подготвуваат нови списоци за нивна вакцинација. За опфатот на вакцинацијата кај повозрасната популација да биде  поголем, информациите се дека од вчера во геријатрискиот дом „Мајка Тереза“ во Скопје стартуваше и теренската вакцинација.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе