Економија

За Битиќи зголемувањето на минималецот за 260 денари е историски момент во време на криза

Зголемувањето на минималната плата за 260 денари ги скара власта, работодавачите и синдикалците.

За вицепремирот Фатмир Битиќи усогласувањето на минималецот во време на криза е историски чин. Вели постапувале по закон, а се друго би било политички популизам.

„Ние вчера имавме исторски момент а тоа е дека јас сум поборник на консултации и изнаоѓање на консензус на сите чинители во опшеството, вкучувајќи ги и синдикатите, рабододавачите, вкучувајќи го секој еден граѓанин. Ние во период на криза сметам дека тоа сите го признаваме направивме исчекор а тоа зголемување на минималната плата за 1,7 отсо и тоа е за поздравување“ – вели вицепремиерот Битиќи.

Синдикалците велат – власта им скратила на работниците уште 200 денари од усогласувањето, што законски им следувало.

Затоа правдата ќе ја бараат на суд. Тие остануваат и на барањето да се зголеми минималецот на 17.000 денари и да изнесува 60 проценти од  просечната плата. Барање кое вчера беше одбиено на Економско- социјалниот совет.

„ Да зборуваме за зголемување за 200 денари на минималната плата во ек на оваа пандемија каде работникот е осиромашен е смешно. Во најмала рака е смешно, апсурдно и затоа минималната плата да биде најмалку 60 отсо од просечната плата“ – смета Благоја Ралповски од конфедерацијата на слободни синдикати.

За работодавачите пак усогласувањето е законско.

А барањето на синдикалците минималецот да е 60 проценти од просечната плата за нив би било политичко покачување.

 “Не може вие да се понашате како да ништо да не се случилоо и да си барате покачување на платите” – порачува Ангел Димитров од ОРМ.

Минималната плата од април  е зголемена за 260 денари и сега изнесува 15.194 денари.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Исплатена трета транша од унгарскиот кредит

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе