Вести Македонија Најважни Спорт Фудбал

Македонија ја победи Германија и испиша нов датум кој секогаш ќе се памети

Македонската фудбалска репрезентација синоќа оствари историска победа, триумф над големата Германија кој одекна силно во целиот свет.

31. март 2021 е датум кој ќе се памети, Македонија го победи четирикратниот светски и трикратниот европски шампион, Германија.

Германците буквално се шокирани, никој не очекуваше, но го признаваат поразот, дел од нивните легенди ни симнаа капа за претставата Дуисбург и ни честитаа. Тоа беше победа за Македонија чиста како солза, без ниту една дамка.
За тоа колку голема е оваа победа говори фактот дека ова беше прв пораз на Германија во едни квалификации за СП по оној од Англија од 5-1 во 2001 година. Требаше да поминат точно 20 години за Германците да ја почувствуваат горчината на поразот во ова натпреварување, а судбината сакаше токму ние да ги победиме.
Селекторот на Германија, Јоаким Лев го испративме со пораз. Ова беше неговиот прв загубен меч во квалификации за СП, ова е и негов последен натпревар во едни квалификации на германската репрезентација бидејќи најави заминување по крајот на Европското првенство.
„Ова е историја! Никогаш досега Македонија не успеала да победи една така трофејна селекција. Овие момците уште еднаш ја направија Македонија горда. Го победивме четирикратниот светски и трикратниот европски шампион. Радувај се Македонијо, слави ги овие херои. Пресреќен сум што работам со овие момци, честитки за нив“, изјави синоќа Ангеловски и отслика колку им значи оваа победа на нему и на фудбалерите.

Расположението во спротивниот табор е сосема спротивно, па најтиражниот германски весник „Билд“ му порача на четирикратниот светски првак дека е подобро да не игра на претстојното ЕП.

„Не мора ни да играме на Европското првенство ова лето. Со патетичен настап, германскиот национален тим се посрамоти себеси до коска и изгуби со 1:2 од Северна Македонија. Да, од Северна Македонија! Фудбалско џуџе, 65. селекција на светската ранг-листа успеа да направи четирикратниот светски првак да изгледа смешно“, пишува „Билд“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таравари: За излегување од Влада ќе одлучуваат партиските органи

Дејан Дејан

Мојсоска Блажески: Сакаме пазарна економија, а бараме државен интервенционизам

Дејан Дејан

Го гледаат како средство за коцкање – Талибанците забранија играње шах

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе