Зголемувањето на минималната плата за 260 денари ги скара власта, работодавачите и синдикалците.
За вицепремирот Фатмир Битиќи усогласувањето на минималецот во време на криза е историски чин. Вели постапувале по закон, а се друго би било политички популизам.
„Ние вчера имавме исторски момент а тоа е дека јас сум поборник на консултации и изнаоѓање на консензус на сите чинители во опшеството, вкучувајќи ги и синдикатите, рабододавачите, вкучувајќи го секој еден граѓанин. Ние во период на криза сметам дека тоа сите го признаваме направивме исчекор а тоа зголемување на минималната плата за 1,7 отсо и тоа е за поздравување“ – вели вицепремиерот Битиќи.
Синдикалците велат – власта им скратила на работниците уште 200 денари од усогласувањето, што законски им следувало.
Затоа правдата ќе ја бараат на суд. Тие остануваат и на барањето да се зголеми минималецот на 17.000 денари и да изнесува 60 проценти од просечната плата. Барање кое вчера беше одбиено на Економско- социјалниот совет.
„ Да зборуваме за зголемување за 200 денари на минималната плата во ек на оваа пандемија каде работникот е осиромашен е смешно. Во најмала рака е смешно, апсурдно и затоа минималната плата да биде најмалку 60 отсо од просечната плата“ – смета Благоја Ралповски од конфедерацијата на слободни синдикати.
За работодавачите пак усогласувањето е законско.
А барањето на синдикалците минималецот да е 60 проценти од просечната плата за нив би било политичко покачување.
“Не може вие да се понашате како да ништо да не се случилоо и да си барате покачување на платите” – порачува Ангел Димитров од ОРМ.
Минималната плата од април е зголемена за 260 денари и сега изнесува 15.194 денари.
Александра Филиповска