Македонската фудбалска репрезентација синоќа оствари историска победа, триумф над големата Германија кој одекна силно во целиот свет.
31. март 2021 е датум кој ќе се памети, Македонија го победи четирикратниот светски и трикратниот европски шампион, Германија.
Расположението во спротивниот табор е сосема спротивно, па најтиражниот германски весник „Билд“ му порача на четирикратниот светски првак дека е подобро да не игра на претстојното ЕП.
„Не мора ни да играме на Европското првенство ова лето. Со патетичен настап, германскиот национален тим се посрамоти себеси до коска и изгуби со 1:2 од Северна Македонија. Да, од Северна Македонија! Фудбалско џуџе, 65. селекција на светската ранг-листа успеа да направи четирикратниот светски првак да изгледа смешно“, пишува „Билд“.