Спорт Фудбал

Македонија ја покори Германија, триумф на нашите фудбалери во Дуизбург

Македонската фудбалска репрезентација во последниот натпревар од овој дел на квалификациите за Светското првенство на гостувањето во Дуизбург ја совлада Германија со 2:1 и ја забележа најголемата победа во историјата.

Нашиот состав одигра перфектен натпревар, цврсто и сигурно во одбраната, а клинички прецизно во нападот. Поставеноста на играта буквално ја оневозможи Германија да наметне свој стил на игра и покрај доминацијата во поседот на топката не успеа да креира поголем број на шанси за погодок.

На Германците не им помогна ниту рускиот арбитар Сергеј Карасев кој не само што престрого досуди пенал за немоќниот противник, туку не покажа на белата точка во моментот кога Емре Чан играше со рака на самата гол линија.

Сепак и тоа не беше пречка да постигнеме два погодоци и да стигнеме до голем триумф. Првиот погодок беше дело на капитенот Горан Пандев, кој во втората минута од судиското надополнување во првото полувреме успеа да го совлада Тер Штеген и тоа извонредното проигрување Енис Барди.

Вториот гол го постигна Елиф Елмас по одличната асистенција на Аријан Адеми за триумф на македонската репрезентација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Чаби Алонсо на клупата на Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Оклахома израмни против Денвер, Индијана го прегази Кливленд (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Ракометарите во четврток ќе ги дознаат ривалите на Европското првенство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе