Вести Македонија

Судиската двојка на процесот за организација на крвавиот четврток болна од Ковид, рочиштата одложени

Одложено е за денеска закажаното рочиште на кое како обвинети за организација на 27-мо априлските насилства во Собранието, исказ требаше да дадат Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски. Двајцата судии во советот (Иле Трпков и Дијана Груевска Илиевска) се потврдени како заболени од корона вирусот.

Наредните две недели нема да има рочишта поради изолацијата на членовите на судскиот совет, соопшти кривичниот суд. Исто така судот извести дека сите судења на овие двајца судии во наредните 14 дена се одложуваат.

Последното рочиште беше пред 6 дена, минатиот четврток кога исказ даде поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски. Рочиштето беше прекинато по барање на обвинителката Вилма Русковска, која нагласи дека била уморна поради реализација на акцијата Планина во Грчец и неколку населби во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе