Македонија Најважни

Средба на Заев со координаторот на АА и Алтернатива Реџепи

Премиерот Зоран Заев и министрите за внатрешни работи и за правда Оливер Спасовски и Бојан Маричиќ денеска во Собранието ќе се сретнат со координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи и заменик координаторот на пратеничката група за да разговараат за законот за државјанство.

Координаторот на пратеничката група Реџепи изјави дека тие ќе се обидат да направат компромис, но оти нема да отстапат од интересите на засегнатите граѓани.

Преиерот Заев ја најави оваа средба во Собранието по разговорите со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, а целта е деблокада на Парламентот.

Пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива имаат поднесено преку 32.000 амандмани на околу 20 закони, меѓу нив и околу 400 за одлуката за продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница, поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ и Левица го блокираа нивниот закон за државјанство, а владејачкото мнозинство не го поднеса предлогот што го најави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД се приклучи на израелската војна против Иран – нападнати трите клучни нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Колона возила над три километри на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Мицкоски: Без додавки во извештајот за земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе