Фалби за напори и напредок во определени области, но и силни критики за конкретни случаи и слабости, содржи годинешниот извештај за состојбата со човековите права на Стејт департментот за Северна Македонија.
Владата демонстрира поголема почит за независноста и непристрасноста на судството во споредба со претходните години, напишале Американците ама и додале дека се уште има притисок врз судиите и дека за судството и за обвинителството се издвојуваат помалку пари потребни за борба против криминалот.
Извештај на Стејт департментот на САД за човекови права:
Примери на погрешно судиско однесување, прекумерниот притисок врз судиите, одложуваната правда и несоодветното финансирање на правосудството и натаму ги попречуваат работата и ефикасноста на судовите и влијаат врз јавната доверба во правосудството. Судството останува подложно на политичко влијание и со слаба доверба од јавноста.
Освен премалку пари за обвинителството, извештајот нотира што обвинителите се спори и ги пропуштаат роковите за истраги до максимум 18 месеци за најтешки случаи, а за тоа никој не одговора.
Премиерот Заев преку честитка за денот на правосудството го оцени извештајот за позитивен бидејќи државата и судството со реформи стануваат „систем кој ја испорачува правдата“.
Но Стејт депратментот ја констатирал и партизацијата во државните служби.
Извештај на Стејт департментот на САД за човекови права
Иако членство во политичка партија не е задолжително, во земјата постоеше активен покровителски систем преку кој партиите даваа посебни придобивки и предности на своите членови. Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува владата за продолжување на ваква пракса, тврдејќе дека партиските членови ги прескокнуваат образовните и професионалните законски пропишани критериуми за позициите во јавната администрација.
Генерално добра примена на антикорупциските закони, но има извештаи за вклученост на функционери во корупција.
Истражувањата на невладиниот сектор покажале знаци за коруптивни практиви и на централно, но и на општинско ниво.
Извештај на Стејт департментот на САД за човекови права
Невладините организации оценуваат дека доминантната улога на владата во економијата создава можности за корупција. Владата е најголемиот работодавец во државата. НВО секторот истакна дека ова е особено точно за набавка на возила преку лизинг, за што нема ефикасен начин за контрола и надзор.
Миомир Серафиновиќ