Македонија

Османи е оптимист дека по изборите во Бугарија ќе спласнат емоциите и комуникациијата ќе се нормализира

Реториката во изборна кампања во една земја не треба да ги помине црвените линии на соработка и почитување на државите, е коментарот на министерот за надворешни работ, Бујар Османи, откако пред два дена Македонија и врачи протестна нота на Бугарија за видео-спотот на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, во кое тој вели дека Македонија е Бугарска.

Ова, заедно со неколкуте претходни протестни ноти од Бугарија до Македонија и повикувањата на македонскиот в.д. амбасадор во Софија на разговор Османи смета дека ги симнало односите меѓу двете земји на најниско ниво.

Сепак Османи е оптимист дека по изборите во Бугарија ќе спласнат емоциите и комуникациијата меѓу двете земји ќе се нормализира.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе