Ковид19 Македонија Најважни

Во Штип започна имунизацијата на постарите лица

Почна вакцинацијата на населението над 77 години во штипскиот регион. Пунктовите за вакцинација во здравствениот дом се отворија во осум часот, а најстариот пациент, кој успешно ја прими вакцината има 91 години.Директорката на Здравствениот дом-Штип, Снежана Трајковска вели дека наместо 120, доцна синоќа добиле 400 вакцини од АстраЗенека.

До 11 часот се вакцинирале 12 граѓани, а само еден се откажал, бидејќи не се чувствувал добро, информирал матичниот лекар. здравствените работници чекаат насоки за оние граѓани над 77 години, кои не можат да дојдат на пунктот, кој е на вториот кат, поради здравствени причини, но и од руралните средини.

Штипјани кои утринава ја примија вакцината велат дека се чувствуваат добро и се задоволни од организацијата на пунктот. Сметаат дека имунизацијата на населението е спас од коронавирусот.

Во Брегалничкиот регион од денеска вакцинација на граѓаните се реализира само во Штип, каде што доколку има масовна имунизација дневно би аплицирале и 400 вакцини. Во Кочани и Делчево вакцинирањето на населението над 77 години почнува од петок, во овие два Здравствени домови пристигнати се 500 вакцини против Ковид 19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе