Ковид19 Македонија

Германија ја забрани вакцината на АстраЗенека, СЗО и ЕМА инсистираат дека е безбедна

Европската медицинска агенција останува на својот став дека вакцината на АстраЗенека е безбедна за употреба кај сите старосни групи.

Пред две недели на 18 март, објавивме средномесечен извештај за проценката, и тогаш заклучивме дека придобивките од вакцината на АстраЗенека во спречување на заболување од Ковид-19, со пропратните ризици од хоспитализација и смрт, се поголеми од ризикот за несакани ефекти. И нашата позиција не е променета, порача извршната директорка на ЕМА, Емер Кук.

По денешниот вонреден состанок кој учествувале надворешни независни експерти од низа медицински специјалности, како хематолози, невролози и епидемиолози, ЕМА соопшти дека во моментов нема идентификувано никакви специфични ризик фактори како возраст, пол или претходна медицинска историја со тромбоза.

Според достапните научни податоци, не постојат докази кои го подржуваат ограничувањето на употребата на оваа вакцина кај било која популација. Нашата комисија продолжува да ги разгледува сите достапни податоци и цели да постигне научен заклучок до следната недела, рече Кук.

Поврзаност на овие исклучително ретки настани со вакцината не е докажана, но е можна и затоа, според експертите на ЕМА, потребни се дополнителни анализи. Денешната објава на ЕМА за вакцината на АстраЗенека беше поттикната од одлуката на германските власти да ја забранат за лица под 60 години, откако биле пријавени неколку случаи на томбоза, кај помлади лица кои ја примиле вакцината.

До вчера, се пријавени 31 случај на церебрална венска тромбоза од вакцината на АстраЗенека против Ковид-19, од кои 9, за жал, беа фатални. Речиси во сите случаи се работи за жени, и до помал степен, мажи на возраст под 60 години, изјави германскиот министер за здравство Јенс Спан.

Претходно и СЗО го повтори својот став дека вакцината е безбедна.

Тоа е безбедна вакцина. И како што се очекуваше, со широка употреба на оваа и било која друга вакцина за која претпоставуваме дека би можала да има ретки случаи кои би можеле да бидат поврзани со вакцината, рече директорката на одделот за имунизација на СЗО, Кејт О’Брајан .

Ова не е прв пат германските здравствени власти и нивната комисија за вакцини СТИКО, да имаат проблем со АстраЗенека. На почетокот на вакцинацијата во Европа, СТИКО објави препорака вакцината на АстраЗенека да не се користи кај лица постари од 60 години, затоа што немало доволно клинички испитувања за нејзината ефикасност кај лицата од тие старосни групи.

Според канцеларката Меркел довербата на граѓаните во вакцината ќе произлезе од сознанието дека секој случај ќе биде истражен. Таа дури и рече дека е согласна да ја прими вакцината на АстраЗенека, кога ќе и дојде редот.

Токму затоа верувам, покрај сите размислувања, дека се уште ова е патот кој ќе не доведе до највисоката можна доверба за употребата на АстраЗенека, иако не можам да ја негирам несигурноста. Отвореноста и транспарентноста се најдобриот начин за справување со ваква ситуација, порача Меркел.

Во соопштението на компанијата по забраната за употреба во Германија, АстраЗенека посочи дека ширум светот десетици милиони лица веќе ја примиле вакцината и се повика на заклучоците на СЗО и ЕМА, според кои придобивките се далеку поголеми од ризиците.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе