Вести Свет

Европа го живее третиот бран од КОВИД 19

Британскиот вид на корона вирусот не ја намалува својата брзина. Се шири низ цела Европа, поради што Италија и Германијаги зајакнаа пограничните контроли во ЕУ блокот. Оној кој сака да стапне во Италија ќе мора да оди во петдневен карантин, потоа да има негативен тест, а кога ќе треба да си замине од оваа држава исто така ќе мора да направи тест за корона вирус. После католички Велигден, Германија воведува нешто слично во наредните 8 до 14 дена. Не е важно од каде доаѓате, дали од Полска, Франција или Данска, сите ќе бидат проверувани, соопшти германскиот  министер за внатрешни.

Тестирањето е задолжително за сите патници кои со авион пристигнуваат во Германија, не е важно дали тие доаѓаат од ризичен регион, или регион со мутации од вирусот, или пак од високо-ризична зона, изјави германскиот министер за внатрешни, Хорст Зихофер. 

Светата недела е период кога европејците кои го празнуваат католичкиот велигден се одмараат и сакаат да патуваат. Најпосакувана е Шпанија, која годинава исто така не попушта со пограничните контроли. А со оглед на ситуацијата за празникот се отворени само 15% од хотелите. За оние кои дојдоа на одмор , ситуацијата е неразбирлива.

Мислам дека тие немаат никаква смисла, се обидуваат да ја одржат економијата, но всушност не можете да ги правите двете работи, или продолжувате со правилата и ги одржувате луѓето безбедни или ја одржувате економијата, вели турстка од Германија. 

Но дека пандемијата е најголемиот предизвик од Втората светска војна се согласија и 24 светски лидери. Празнините во справувањето со пандемијата беа темата на глобалниот договор меѓу нив, кој пред СЗО ќе биде претставен во мај. Истиот содржи и одговори како светот да се соочува со идните пандемии.

КОВИД-19 беше суров потсетник, никој не е безбеден се додека сите не бидат безбедни, и затоа лидерите од секој регион на светот се собраа заедно за да предложат колективно дејствување на меѓународно ниво. Имунизацијата е глобално јавно добро. Значи, ние треба да можат да  развиваме, произведуваме и распоредуваме вакцини што е можно побрзо, изјави претседателот на европскиот Совет, Шарл Мишел. 

Дека вакцинацијата е единствениот борец против оваа пандемија кажуваат последните податоци од најбро имунизираните. Велика Британија по шест месеци вчера немаше ниту еден смртен случај. Израел ги укина црвените зони, а денеска јавува за помалку од еден процент позитивни од тестираните, што е најмалку од јуни минатата година.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно – Временска прогноза за 11.5.2025

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе