Македонија

Транспарентоста ефикасноста и независноста се клучни – амбасадорски пораки за денот на правосудството

За функционален и независен правен систем битно е судиите да се непристрасни, ефикасни и професионални и со интегртитет посочија амбасадорите на ОБСЕ, на ЕУ и на САД во земјава, на конференција организирана во пресрет на денот правосудство.  Имплементирање на реформите, независноста и транспрантноста ги посочија како  битни услови за доверба на граѓаните во правосудството.

Спротивен на заложбите за транспарентноста,  амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз го посочи примерот со Советот на јавните обвинители кој минатата недела не дозволи присуство на медиум на седница, повикувајки се на пандемијата, а не беше овозможена ниту алтернативна варијанта за следење на седниците кои се јавни.

-Соработуваме со Судско-медиумскиот совет во делот на амандмански измени, за да се осигураме дека репортерите ќе имаат пристап до судниците и записниците од судските процеси. Во однос на Судско-медиумскиот совет, дознав дека минатата недела јавнообвинителсткиот совет не дозволи ТВ екипа од новинар и снимател да влезат и да ја следат седницата и наместо тоа одлучија да дискутираат зад затворени врати. Ова е сосема спротивно од нашите заложби и е само еден пример колку ни е потребно да ги завршиме реформите со транспарентноста, изјави Кејт Мари Брнз амбасадор на САД.

– Северна Македонија постигна значителен напредок во реформата на своите судски институции, како што е признато во извештаите на Прибе и во извештаите за напредокот на ЕУ. Сепак, овие извештаи исто така посочија дека судството е една од јавните институции со најмалку доверба во земјата. Со цел да се врати довербата на граѓаните, Северна Македонија мора да направи стратешки и систематски промени. “ рече шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која

-Видовме прогрес преку капацитетот на судството за самопрочистување на своите редови, наместо преку ветинг, но знаеме дека потребни се дополнителни напори. ЕУ  преку проект кој неодамна заврши, помогна во подготовката на правилата и процедурите за Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, за оценка на судии, претседатели на судови и јавни обвинители  методото за извор и рангирање на кандидати и дефинирање дисциплински постпаки за обивнителите. Ова мора да се имплентира ургентно, изјави амбасадорот Дејвид Гир , шеф на Делегацијата на Европската Унија во земјава.

Пораки пред судиите упатија и новата претседателка на Врховниот суд Беса Адеми и претседателот на здружението на судии Џемали Саити.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Колона возила над три километри на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Мицкоски: Без додавки во извештајот за земјата

Дејан Дејан

Чувството на осаменост во современиот свет е често

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе