Вести Македонија Најважни

Во болница рекорден број болни од ковид 19

Рекордни 1.577 пациенти хоспитализирани во ковид-центрите во земјава – најголем број од почетокот на пандемијата до сега. Расте притисокот врз болниците од наплив на нови лица во тешка состојба од вирусот на кои им е потребен кислород. Болниците освен што регрутираат нови оддели за прием на пациенти со ковид, кубурат и со кадар кој ќе може да ги опслужи. Во последното деноноќие само во скопските ковид-центри на болничко лекување биле примени 74 пациенти поради комликации од вирусот, со што бројот се зголеми на 666. Во останатите градови се лекуваат 912 лица. Голем дел од пациентите имаат тешка клиичка слика и се на кислородна поддршка

Министерот Филипче утринава на координација со директорите на ковид центрите и претседателот на Комисијата за зразни болести, заклучиле дека во овој бран на повеќе лица им е потребна хоспитализација

Болничките капацитети за прием на ковид пацинети за разлика од ноември се зголемени за 50%, а зголемена е и потребата од хоспитализација на пациенти што бара сериозен пристап и координација која успешно се менаџира. Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој момент доколу е потребно може да се стават на располагање за прием на ковид болни. –соопшти министерството за здравство.

Но, анализите на епидемиолозите покажале дека нема потреба од воведедување на нови рестрикции, односно тие не би дале резултат бидејќи се наоѓаме на крајот на акттивноста на вирусот, односно на 6 до 8 недела од третиот бран.

Вирусот има широка инфекција на територија на цела држава, но од друга страна во сите болници во државата има слободни кревети. Останува да се следи ситуацијата и согласно истата доколку е потребно да се дејствува, тоа ќе се направи.- велат од здравство.

Статистиката на Министерството покажува дека има 260 слободни кревети низ ковид центрите низ земјава, од кои 80  во Скопје. Директорот на Институтот за белодробни заболување Козле, кој стана ковид центар вели напливот е голем, ослободуваат нови капацитети за прием.

Бројот на хоспитализирани расте во сите градови низ земјава, капацитетите се речиси исполнети, а проблем е и недостатокот од медицински персонал. Критично е Куманово – таму се сместени 147 пациенти. Директорката на болницата Снежана Захариева за медиумите изјави дека се речиси полни,  во последните десетина дена имаат повеќе приеми од отпуштања. Имаат недостаток на медицински персонал. Затоа вчера од Министерството побарале да им се стават на располагање специјализанти, општи лекари или специјалисти.

Во КОВИД центарот во Битола, хоспитализирани се 88 пациенти,  за разлика од вчера кога на болничко лекување биле 76.  Последното деноноќие биле примени 15 лица. Најголем проблем и тука е медицински персонал. Се решава со ротирање на кадар од целата болница. Во Тетово во болнички кревет се 38 пациенти, 15 со тешка клиничка слика. Кадар за сега имаат доволно, но ако се зголемат бројките, ќе се ангажира медицински персонал од другите клиники. Kритично е и низ деугите ковид центри низ земјава- бројот на хоспитализирани секој ден расте.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе