Македонија Најважни

Статистика демантира дека можат да се попишуваат лица без државјанство

Главен услов за некое лице да се попише на пописот е да биде македонски државјанин. Лицата кои се откажале од македонското државјанство повеќе ги нема во базата на државјани и немаат право да се попишат, тврдат од Државниот завод за статистика, демантирајќи ги информациите дека постои и таква можност.

Можноста за попишување и на лица кои се откажале од македонското државјанство, а се родиле тука, се појави во јавноста по гостувањето на вицепремиерот Артан Груби во албанската телевизија ТВ Клан.  Беа пренесувани извадоци во кои тој вели дека, за да се попишат граѓаните кои имаат пасош од земјите кои дозволуваат само едно државјанство, е доволно да имаат извод од книга на родени или венчани или каков било документ. Но, Груби вели дека не рекол така.

Денеска беше закажана и средба на партиите на Албанците на која, според Груби, требало да разговараат за тоа како можат сите да дадат придонес кон пописот, но беше откажана откако генералните секретари на Алијанса и Алтернатива не го потврдиле учеството.

Статистика објави дека до денеска се самопопишале 171.620 македонски државјани кои живеат во странство. Најмногу,  56 илјади лица, се во Швајцарија,околу  40 илјади се во Германиј, а над 27 илјади во Италија. Од земјите познати по голема дијаспора, во САД се попишале само 7.081 лице,  во Австралија 2.099,  а во Канада само 1.541 лице.

Македонски држвјани има и во држави з акои во Македонија ретко се слуша. 3 лица се попишале од Џибути, а по 4 од Тувалу, Свалбард и Јан Мајен. Самопопишани има и од Маријанските острови, Либија, Филипини, Ниуе, Микронезија, Бонер, Сент Еустати-тиус и Саба…

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Сите за Кочани трчаме“ заедно е слоганот под кој на 25 мај ќе се организираат хуманитарни трки во седум градови во земјава

Дејан Дејан

ДУИ: Албанците да бидат застапени при изборот на нов гувернер

Дејан Дејан

Kочанските средношколци со втора награда на натпреварот за млади претприемачи “Попри Интернешнал”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе