По неколку часовни преговори во Клубот на пратеници Заев и Мицкоски постигнаа договор за сите прашања кои ги отворија на денешната средба. Пописот наместо од 1 април ќе се спроведе од 5 до 30 септември, локалните избори ќе се одржат во втората половина на октомври.
Лидерот на опзоициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски порача дека во услови на пандемија добро е што надвладеал разумот и дека во овој момент нема потреба од политиканство.
Договор е постигнат и за Изборниот Законик. Измените веќе од утре ќе се најдат на дневен ред пред пратениците.Ќе се набават апарати за отисок на прст кои ќе се користат за изборите. Работните групи ќе ги интензивираат преговорите за промена на изборниот модел.
Власта ќе добие конструктивна опозиција во Парламентот. Ќе се гласаат законит екои во моментов се блокирани.
Премиерот Заев во среда ќе оствари средба со лидерите на Алтернатива и Алијанса ,Гаши и Села околу Законот за државјанство со цел да се најде заедничко решение на проблемот со што ќе се овозможи целосна деблокада на парламентот.
Јулијана Пешевска