Вести Македонија Најважни

Со задоцнување од еден месец, стигнаа првите 24.000 дози вакцини на „Астра Зенека“

Првата пратка вакцини преку КОВАКС ситемот испорачана во Македонија. Утрово, со комерцијален лет од Истанбул, пристигнаа 24 илјади дози вакцини на „Астра Зенека“ кои се произведени во Кореа. Вакцинацијата ќе почне во среда а приоритет се хронично болните над 75 години. Филипче најави дека вакцините ќе се чуваат во Скопје и ќе се дистрибуираат до вакциналните пунктови во градовите во внатрешноста но и дека тие исто така имаат капацитети за чување бидејќи се потребни фрижидери и температура од 2 до 8 степени. Вакцинацијата ќе ја вршат локалните медицински тимови кои веќе имаат искуство со вакцинацијата.

Допрва треба да се соопшти како ќе се врши имунизацијката на старите и изнемоштени кои нема да бидат во можност самите да дојдат во вакциналните центри

Филипче призна дека вакцините пристигаат со како што кажа неколку недели закаснување, но според него ова е доказ дека системот е во функција. Следната пратка преку КОВАКС се очекува до крајот на идниот месец а просецот на имуницаија ќе се креира според најавите за испорака како преку КОВАКС така и директно со производителите за да има континуитет.

Филипче додаде дека очекува во текот на идниот месец да пристигне и пратката вакцини од Кина со кои ќе се врши имунизацијата во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Досега во државата се вакцинирани 7.005 лица, медицински персонал, а во оваа не влегуваат македонските државјани кои се вакцинираа во Србија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мексиканска инфлуенсерка застрелана во живо додека снимала за мрежата „TикТок“

Дејан Дејан

„Сите за Кочани трчаме“ заедно е слоганот под кој на 25 мај ќе се организираат хуманитарни трки во седум градови во земјава

Дејан Дејан

Бремена Израелка убиена на Западниот Брег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе