Вести Македонија

Здравство бара приватните болници да ги спуштат цените за лекување ковид-болни

Ќе го издржи ли здравствениот систем овој бран на корона вирусот, кој ги полни болничките капацитети. Денеска во болниците низ дражавата се лекуваат рекордни 1545 пациенти, а од Здравство тврдат дека има  238 слободни болнички кревети.

Но, граѓаните, посебно во Скопје,   на социјалните мрежи реагираат дека место во некои болници може да се најде само со врски, додека  од Министерството за здравство уверуваат  дека ниту еден пациент кому му е потребно болничко лекување не е вратен.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 55 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 657 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град. Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 56 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, информираат од Министерството за здравство. 

Најмногу пациенти се лекуваат на Инфективната клиника 145, потоа во ГОБ 8 Септември 135, а најмногу приеми во изминатото деноноќие, 27,  имало  на Интерните и хируршките клиники.

Притисокот е огромен и во болниците во внатрешноста, каде вкупно се хоспиталзирани 887 пациенти.  Најмногу има во Куманово 141 пациенти, и во Прилеп 116. Од Здравство велат дека слободни места има и низ градовите, а доклку е потребно во КОВИД центри ќе се пренаменуваат и други одделенија.

И  приватните болници ги зголемуваат капацитетите, од таму информираат дека веќе се преполни, а  имаат и листи на пациенти кои чекаат да бидат примени. За да се спаси човечки живот, блиски на заболени со тешка клиничка слика нудат и пари за слободен кревет. Деновиве на социјалните мрежи се споделува  оглас на граѓанин кој дава 5000 евра на тој што ќе му помогне веднаш да дојде  до соба во приватните болници.

Но, високите цени во приватните болници веќе го навлекоа револтот кај граѓаните, па бараат државата да интевевинира во овие тешки момнети кога заболени  и нивни  блиски  објавуваат огласи за парична  помош и солидарно се собираат средства  за  да ги платат енормно високите болнички  трошоци. Од Министерството за здравство потврдија дека министерот  Филипче ќе разговара на оваа тема со менаџерите на привaтните болници во текот на следната недела.

Емилија Мисирлиевска

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мексиканска инфлуенсерка застрелана во живо додека снимала за мрежата „TикТок“

Дејан Дејан

„Сите за Кочани трчаме“ заедно е слоганот под кој на 25 мај ќе се организираат хуманитарни трки во седум градови во земјава

Дејан Дејан

Бремена Израелка убиена на Западниот Брег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе