Вести Македонија

МЗ: Вакцинираните граѓани да бидат исклучително внимателни, треба да помине време за имунитет

Сите граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината „АстраЗенека“ и оние кои следните денови ќе се вакцинираат, треба да знаат дека по примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет, информира Министерството за здравство.

– Ова значи дека сите кои примиле деновиве вакцина треба да се исклучително внимателни следните недели и да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита, како носење маска, физичка дистанца и одржување лична хигиена, се додава во соопштението.

Министерството посочува дека најчести несакани ефекти по примање на вакцината се болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули.

– Овие несакани ефекти се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакцијa Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден до два дена по вакцинацијата, се наведува во соопштението.

Министертсвото посочува дека повеќе информации за вакцините може да се најдата на неговиот официјален вебсајт https://kovid19vakcinacija.mk/za-vakcinite/.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Сите за Кочани трчаме“ заедно е слоганот под кој на 25 мај ќе се организираат хуманитарни трки во седум градови во земјава

Дејан Дејан

Бремена Израелка убиена на Западниот Брег

Дејан Дејан

ДУИ: Албанците да бидат застапени при изборот на нов гувернер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе