Вакцините против ковид 19 од ковакс механизмот ќе доцнат во цел свет. Но најмногу ќе страдаат земјите со среден и низок стандард, поради неможноста самите да ги набават вакцините. Ќе чекаат на добрината од богатите земји, кои претходно ги набавија вакцините против ковид , и имаат на залиха. Ова е така затоа што најголемиот производител на серуми во Индија најави дека вакцините наместо во март, ќе ги достави на крај на април. Големиот број на новозаразени и починати со кои се бори Индија е причината зошто клучниот производител ќе доцни со доставата на 90 милиони дози наменети за сиромашните земји. За претставниците на ковакс механизмот ова е големо разочарување и барат барем нешто да се добие.
Секако дека сме разочарани. Затоа сме во постојана дискусија со владата на Индија и Институтот за Серуми со надеж дека ќе добиеме нешто од овие дози и да продолжиме со полна пареа можеби до крајот на мај, вели доктор Сет Беркли, директор на ГАВИ, Алијанса за вакцинација при КОВАКАС програмата.
Ковакс програмата имаше за цел до крај на март да ги имунизира сите медицински работници и високо-ризичните групи, и до крајот на годината во 60 земји во развој да достави две милијарди вакцини. Но сега, сето ова се одложува, поради третиот бран од ковид.. И повторно на виделина исплива вакцинацискиот национализам, кој со месеци наназад е јавна тајна. Се апелира до богатите да донираат некоја вакцина и на сиромашните земји, бидејќи не станува збор за локална епидемија, туку за пандемија.
Во пандемија, мора да се намалува болеста на глобално ниво. И ништо не ни го покажа ова како мутантите, соевите не се појавуваат во богатите земји. Понекогаш се појавуваат, но исто така се појавуваат во земјите во развој и брзо се движат низ целиот свет. Значи, она што ни треба е глобален одговор за глобален проблем, смета доктор Беркли.
Велика Британија која е најголем купувач на вакцините процени дека од 400-тините милиони набавени, ќе останат голем дел неискористени. Затоа се согласи остатокот од 100 милиони дози да ги донира. Во голем дел од богатите држави вакцините се фрлаат поради бирократските процедури да се вакцинираат приоритетите, но голем дел од овие групи ја одбиваат вакцината. Па така, поздравите и помладите остануваат неимунизирани чекајќи го својот ред.
Алиса Шутиноска