Вести Македонија

Статистика не попушта – за четири дена стартува пописот и покрај ковид-кризата

На четири дена пред стартот на пописот во земјава, со околу 150 илјади самопопишани македонски државјани во дијаспората, се уште е отворено прашањето за одложување на целиот процес. Дел од опозициските партии заговараат бојкот, а владеачките инсистираат на попис по цели 19 години.

Според ВМРО ДПМНЕ лицемерие е да се одржува попис во време кога Македонија се соочува со пик на третиот пандемиски бран.

Врвот се достигнува со тоа што попишувачите не се имунизирани. Дали е свесен Заев дека 5 илјади 500 попишувачи ќе треба да влезат во секое домаќинство во државата. Голем број од попишувачите може да бидат асимптоматски и да заразат хронично болни или стари луѓе. Заев докажува дека политичките договори со партиите во неговата коалиција се пред здравјето на граѓаните.

„И покрај пандемијата, животот тече и процесите во државата, меѓу кои е пописот, мора да продолжат“, вели заменик – директорот на Заводот за статистика, Илми Селами во интервју за Радио Слободна Европа. Отфрла било каква можност за политичко пазарење со резултатите.

Владеачката СДСМ со апел за масовен одѕив, бидејќи овие статистички податоци се неопходни. Уверуваат дека постојат меѓународни стандарди и здравствени протоколи.

Опозициската Алтернатива се придружува на барањето за вакцинација на попишувачите.

Алтернатива бараше почитување на препораките на Обединетите нации, според кои, во време на пандемија не смее да се спроведува попис, но оваа Влада никого не слуша. Сега, кога пописот е почнат – враќање назад нема. Бараме итна вакцинација на попишувачите.

Спроведувањето безбеден попис и евентуалното одложување, ќе бидат дел од темите за кои премиерот Заев ќе разговара на одделни средби со опозициските лидери. Утре се среќава со Христијан Мицкоски, за да разговараат за пандемијата, Изборниот законик, пописот и економската состојба, а наредните денови, со Африм Гаши и Зиадин Села, за да се најде решение околу нивниот предлог за добивање државјанство, поради кој, стотина закони се блокирани со илјадници амандмани.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оставката на Таравари доставена во сандачето на премиерот – од Вреди потврдија дека позициите на Алијанса остануваат кај нив

Дејан Дејан

Недостасуваат лекари за физикална рехабилитација на повредените во Кочани

Дејан Дејан

Таравари си поднесе оставка од министерската позиција: „Во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе